Во кујната

Кои опасности се кријат во кујната?

1. Кујнски крпи оставени на шпорет

Повеќето пожари во домовите избиваат токму од кујната, а  за тоа воопшто не е виновна загорената храна. Повеќето пожари настануваат поради различни предмети оставени на шпоретот, кој или е сè уште вклучен или некој случајно го вклучил. Најчесто, кујнските крпи или лонците што висат се чуваат над шпоретот, затоа сè што лесно може да се запали е најдобро да се чува подалеку од извори на топлина.

2. Нефункционални апарати за гаснење пожари 

Повеќето од нас не ни помислуваат за апаратите за гаснење пожари, додека навистина не ни затребаат. Сода бикарбоната е добра алтернатива за гаснење на запалени маснотии кои никогаш не треба да ги полевате со вода, бидејќи на тој начин само ќе го проширите огинот. Затоа, најдобро е во близина секогаш да имате апарат за гаснење пожари во исправна состојба, која еднаш годишно треба да се проверува, а истовремено погрижете се сите кои готват да бидат запознаени со ракувањето.

3. Маснотии кои чекаат да букнат

Маснотиите најмногу предизвикуваат пожари, без разлика дали се наоѓаат на дното на садот или на шпоретот, подоцна можат да предизвикаат пожар. Најсигурниот пристап е секогаш да ги бришете дамките и да го проверувате дното на садот пред употреба.

4. Замрсени кабли

Најчесто, во кујната сè е збиено во мал простор, а каблите можат да бидат различни извори на опасност, како предизвикување струен удар, оштетување, па дури повреди. Најдобро е по употреба да се исклучат непотребните апарати, со што се заштедува енергија, а најдобро е да користите кабли кои се ставаат директно на приклучокот, а не на подот.

Comments