Убавина


Image result for kozmetika

Кожа

     Кожата е заштитна обвивка на телото. Нашата кожа е покриена со мрсна материја која се вика себум (сало) и има заштитна функција, односно го штити нашето здравје од штетните елементи, како што се бактериите и заразните бацили.Покрај тоа себумот и овозможува на кожата, која содржи претежно вода, да не се исуши и да остане еластична. Кожата или епидермот претставува огледало на организамот. Таа може многу да ни открие за возраста на човекот, за здравствената состојба па дури и за тоа што сака човекот да јаде. 

Кој е твојот тип на кожа?

Врз основа на своите особини кожата може да се подели на четири групи:
  • мрсна кожа
  • сува кожа
  • мешовита кожа
  • чувствителна кожа

    Како да го одредите типот на кожата?



     

     

     

     

     

                                        Типот на кожата може многу едноставно да се определи визуелно. Најпрво е потребно внимателно да го измиете вашето лице за да нема по него траги од козметика. Без да нанесувате каков и да било крем, оставете ја кожата да се релаксира 3-4 часа. Потоа со само еден поглед во огледалото лесно можете да го одредите типот на вашата кожа 
  • Нормална кожа – рамномерен тен на лицето и без непотребен блесок. Кожата изгледа мазна, еластична, свежа. По неа нема дефекти како проширени пори, комедони, кафеави флеки и т.н.
  • Сува кожа – тенка, нежна, мазна, мат. Во младите години изгледа многу убава, но таа е најсклона кон рано стареење. Може да се појави лупење, рано ја губи својата еластичност и се појавуваат брчки особено во областа околу очите.
  • Мрсна кожа – дебела и груба, со големи пори и мрсен блесок, често по неа се образуваат комедони. По надворешениот изглед оваа кожа потсетува на кора од лимон. Добрата страна на овој тип кожа е тоа што долго ја задржува својата еластичност.
  • Комбинирана кожа – истовремено покажува карактеристики и на нормална и на мрсна/сува кожа. Најчесто во Т-зоната (чело, нос и брадичка) кожата е мрсна, склона кон образување на комедони, а во другиот дел на лицето е нормална.

Comments